Saturday, July 18, 2009

Матични клетки од папочна врвца

Успешен развој во период од повеќе од 20 години

maticni kletki, матични клетки

Прв валиден успех во употребата на хематопоетски (крвни) клетки од папочна врвца датира од 1988. Во тоа време петгодишно дете кое боледувало од ретка генетска болест наречена Фанкониева анемија, било третирано со матични клетки од папочната врвца на неговата новородена сестра.

Денес, 20 години по трансплантацијата не само што момчето е со добро здравје, туку долгорочно е постигнато нормално функционирање на целата негова крв и имунолошки систем.

Дваесет години наназад само една болест можеше да се третира со матични клетки од папочна врвца; пред десет години само неколку болести.
Денес матичните клетки од папочна врвца успешно се користат за третман на повеќе од 70 заболувања од крвно потекло и повеќе од 15 заболувања од друга природа. Некогаш се работи за рак на одделни типови крвни клетки (како што се леукемиите) или други заболувања на крвта (како што се анемиите). Некои имунодефициенции, автоимуни заболувања (состојба, кога имуниот систем на телото ги напаѓа сопствените клетки) и метаболни заболувања исто така може да се третираат со матични клекти од папочна врвца.

Прочитај повеќе за матични клетки >

No comments:

Post a Comment