Monday, July 20, 2009

Терапии со матични клетки

Сегашни терапии со матични клетки

Два типа на терапевтски третмани

Постојат две основни групи на терапевтски третмани со матични клетки: автологна и алогена. При автологната терапија со матични клетки, кај пациентот повторно се користат неговите сопствени клетки. При алогениот третман, матичните клетки потекнуваат од друго лице.

Кои терапии со матични клетки во моментов се достапни?

Терапии со матични клеткиМатичните клетки веќе со години се употребуваат во медицината за следниве цели:

● За хематолошки заболувања, како на пр.леукемија, медицината со децении користеше алогени трансплантати од коскена срж, за да ја замени оштетената коскена срж на пациентот, со здрава.(1)
Коскената срж содржи голем број хематопоетски (крвотворни) матични клетки. Од 1988год., за третман на леукемија почнуваат да се користат и алогени матични клетки од папочна врвца.(2) Успешноста на овие третмани е исто толку висока како и при употребата на матични клетки од коскена срж.(3)

● Во 2000год., во едно водечко медицинско списание беше објавен список на заболувања ( да се кликне на листа и да ги трансферира на категорија Листа), кои можат да се третираат со автологни матични клетки од коскена срж.(4) Всушност, над 70 заболувања веќе со години успешно се третираат со хематопоетски матични клетки од папочна врвца и околу 15, со не-хематопоетски матични клетки. Меѓу нив се вбројуваат некои видови на малигни забоувања на крвта, заболувања на лимфниот систем, како Хочкин лимфомот, одредени тумори (вклучувјќи тумори на градите и јајчниците) и автоимуни заболувања (состојби кога имуниот систем ги напаѓа сопствените клетки), како системска склероза и јувенилен артритис. За поголемиот дел од нив, матичните клетки се дел од стандардните тераписки протоколи. Бројот на таквите болести се очекува во блиска иднина забрзано да расте. Постојат и други заболувања, при кои терапијата со матични клетки покажала подобрувања, но таа сеуште не е прифатена како дел од стандардните третмани.

● Автологните матични клетки исто така се употребуваат по хемотерапијата, во склоп на протоколите за лекување на малигни заболувања. Нивната улога е да ја регенерираат коскената срж.

Кога автологните матични клетки се неопходни?

Употребата на алогени (туѓи) матични клетки за лекување на одредено заболување, во голем процент на случаи може да доведе до реакција на отфрлање од страна на телото. Во тој случај, единствено третман со автологни (сопствени) матични клетки би можел да биде корисен. Во други случаи - како на пр. леукемија - докторот е тој, кој треба да направи избор помеѓу автологни и алогени матични клетки. Понекогаш, клетките од близок роднина се оптималното решение. Најдобро би било, ваквите одлуки од медицинска природа да се препуштат на медицинските експерти.

Едно нешто е сепак, сигурно: докторот, кој има пристап до матичните клетки од папочната врвца на неговиот пациент, има на располагање повеќе опции за третман.

Идни третмани со матични клетки

Медицината има големи очекувања од матичните клетки. Заради тоа, во моментов се одвиваат огромен број истражувања со различните типови на матични клетки и нивните терапевтски можности.

Регенерација на оштетеното ткиво

Употреба на матичните клетки- Идни третманиГолем дел од примената на матичните клетки влегува во доменот на “регенеративната медицина”. Регенеративната медицина претставува нов, оригинален пристап во медицината. Во нејзиниот фокус на интерес стојат обновувањето т.е. регенерацијата и репарацијата на различните ткива и органи, засегнати од одредена болест, процесот на стареење или трауматска повреда. Регенеративната медицина ги користи сопствените потенцијали на телото или пак резервите од туѓ организам, а тоа се матичните клетки. Клеточна терапија претставува терапија, која користи човечки клетки и ткива, наместо широко употребуваните, вештачки создадени лекови и материјали. Повеќето видови клинички терапевтски примена сеуште се експериментални и во фаза на експериментални и клинички студии, но изгледа дека им претстои светла иднина.

Хематопоетските матични клетки денес веќе се дел од стандардната терапија на многу заболувања.Еве неколку примери:

- Истражувањата за тоа како матичните клетки можат да го обноват срцевиот мускул по срцев удар, се во напредна фаза.(3) Клиничките студии покажуваат позитивни резултати.(4) И во Европа се вршат истражувања за овој тип на третмани.(5) Резултатите се охрабрувачки и за пациентите со хронична срцева слабост. (6)

- Истражувачите се надеваат дека матичните клетки во иднина ќе одиграат улога во третманот на дијабет.(7) Се испитуваат можностите и во случајот на автоимуните заболувања, како лупус (8) и јувенилен артритис (9)

- Ткивен инженеринг подразбира вештачко создавање на ткива, при што матичните клетки се засадуваат на синтетски супстрат, за да создадат кожа, срцеви валвули и коска. Ова во иднина може да доведе до широка примена на матичните клетки во хирургијата. Во таа насока беа спроведени многубројни успешни истражувања на животни. (10)

- Матичните клетки би можеле да одиграат важна улога во генската терапија. Некои болести се предизвикани од неправилно функционирање на многу мали делови на генетскиот материјал. Ако таквиот дефектен ген се замени со “здрав” ген во одреден број матични клетки, тогаш овие “репарирани” матични клетки би имале куративен ефект по изведувањето на автологната трансплантација.(11)

Листата на заболувања, кои би можеле да бидат лекувани со помош на терапија, заснована на употребата на матични клетки е уште подолга. Примерите вклучуваат: бубрежна слабост, колитис (воспаление на дебелото црево), цироза на црниот дроб, болести на очите, како ретинитис пигментоза (retinitis pigmentosa) и еден сосем нов пристап во терапијата на малигните заболувања.

Голем дел од овие апликации на матичните клетки се сеуште во експериментална фаза. Одреден временски период би бил потребен, пред тие да станат дел од стандардните медицинскки протоколи на лекување. Сепак, научниците се сложни околу фактот, дека матичните клетки ќе одиграат многу важна улога во “медицината на иднината”.

Cryo-save услуги и Би-МЕК »

Informirajte se za maticnite kletki

Драги идни родители и заинтересирани слушатели,

Поради големиот интерес за можностите кои што ги нуди криопрезервацијата на матични клетки од папочна врвца,
Cryo-Save Ве поканува на следните

Информативни Пренатални Средби

На кои ќе ни биде чест да Ве информираме за се што сакате да дознаете за матичните клетки.
Средбите се одржуваат секоја прва среда во месецот (следната е на 05.08.2009 во 19:30 часот) во Александар Палас.
За повеќе информации, можете да ни се јавите на 02 3296 990. Ќе ни биде драго да дојдете со Вашиот партнер/ка, но и со други заинтересирани родители.

Saturday, July 18, 2009

Матични клетки од папочна врвца

Успешен развој во период од повеќе од 20 години

maticni kletki, матични клетки

Прв валиден успех во употребата на хематопоетски (крвни) клетки од папочна врвца датира од 1988. Во тоа време петгодишно дете кое боледувало од ретка генетска болест наречена Фанкониева анемија, било третирано со матични клетки од папочната врвца на неговата новородена сестра.

Денес, 20 години по трансплантацијата не само што момчето е со добро здравје, туку долгорочно е постигнато нормално функционирање на целата негова крв и имунолошки систем.

Дваесет години наназад само една болест можеше да се третира со матични клетки од папочна врвца; пред десет години само неколку болести.
Денес матичните клетки од папочна врвца успешно се користат за третман на повеќе од 70 заболувања од крвно потекло и повеќе од 15 заболувања од друга природа. Некогаш се работи за рак на одделни типови крвни клетки (како што се леукемиите) или други заболувања на крвта (како што се анемиите). Некои имунодефициенции, автоимуни заболувања (состојба, кога имуниот систем на телото ги напаѓа сопствените клетки) и метаболни заболувања исто така може да се третираат со матични клекти од папочна врвца.

Прочитај повеќе за матични клетки >